Патнички авион, кој леташе од Краков во Полска за Бристол во Велика Британија, слета во Прага, главниот град на Чешка, поради закана од бомба.
Според веста на „Гардијан“, авион на „ИзиЏет Ерлајнс“ (EasyJet Airlines), кој полета од Полска, пренасочен е во Прага поради сомнеж дека во него е поставена бомба.
Чешката полиција соопшти дека експерти се на лице место и дека е во тек истрага.
Од управата на аеродромот е наведено дека во авионот немало опасен предмет.
TRT Balkan / агенции