Перу: Двајца загинати на протестите против новата претседателка          Фото: Ројтерс

Најмалку две лица загинаа во Перу, а петмина беа повредени за време на протестите што започнаа откако претседателот Педро Кастиљо беше сменет и испратен во затвор.

Во градот Андахуајлас во јужниот дел на Перу, илјадници луѓе излегоа на улиците за да протестираат против Дина Болуарте, која положи заклетва како претседател на 8 декември.

Во судирите за време на протестот две лица загинаа, а пет лица се повредени, јавуваат перуанските медиуми. Откако демонстрантите поставија барикади и запалија оган, полицијата интервенираше со водени топови и солзавец.

Во полициското соопштение се наведува дека жалат поради загинатите на протестите и изразуваат сочувство до семејствата.

Снимките споделени од демонстрантите на Твитер покажаа дека протестот станува насилен бидејќи полицијата наводно пукала во луѓе од хеликоптери.

Педесет полицајци и работници беа опколени од демонстранти на аеродромот во неделата. Болницата Андахуајлас, исто така, ја потврди смртта на 18-годишен маж кој почина за време на протестите.

Во неколку градови во јужноамериканската земја веќе четврти ден растат мобилизациите во отфрлањето на Конгресот и барањето за ослободување од затвор на поранешниот левичарски претседател Педро Кастиљо, кој беше сменет во средата.

Кастиљо беше отстранет од власт откако се обиде да го распушти Конгресот на Перу. Тој беше уапсен и отповикан од пратеници истиот ден.

Поддржувачите на соборениот претседател повикуваат на генерален штрајк во земјата.

Демонстрантите бараат и оставка од новата претседателка и бараат нови избори.

Болуарте, која во средата положи заклетва како прва жена лидер во Перу, рече дека треба да и биде дозволено да ја извршува функцијата во преостанатите три и пол години од мандатот на Кастиљо, но не ја исклучува можноста да повика на предвремени избори во потрага по мирен решение за политичката криза што ја доживува земјата.

Болуарте во неделата изрази сочувство за смртта на двете лица за време на протестите.

„Животот на ниту еден Перуанец не заслужува да биде жртвуван за политички интереси. Изразувам сочувство“, напиша таа на својот Твитер профил, додавајќи „го повторувам мојот повик за дијалог и крај на насилството“.

Полицијата соопшти дека презема мерки за расветлување на ситуацијата околу загинатите.

AA
Популарни