Имран Кан ги води митинзите низ земјата за да се распишат предвремени избори     Фото: Reuters

Поранешниот пакистански премиер Имран Кан бил погоден од истрел од огнено оружје, по што итно е пренесен во „Шаукат Канун“ болницата во Лахоре.

Според првичните информации врз конвојот на Кан бил отворен оган од автоматска пушка.

Тој најверојатно е погоден во потколеницата, додека конвојот се движел на истокот на земјата. Се наоѓа во стабилна состојба.

По пукањето ранети биле уште неколку луѓе. Еден од осомничените напаѓачи е застрелан, додека пак вториот кој учествувал во пукањето е уапсен од полицијата, пренесуваат агенциите.

Нападот бил извршен за време на митинг како дел од кампањата на Кан да издејствува предвремени парламентарни избори во Пакистан.

На Кан му беше изречена првична забрана за учество во политички избори во наредните пет години, по што ги најави серијата митинзи низ земјата заедно со неговите поддржувачи.

TRT Balkan / агенции
Популарни