Eпицентарот на земјотресот бил во морето Хјуганада, а во префектурите Мијазаки и Кочи / Photo: AA

Силен земјотрес денес го погоди југозападниот дел на Јапонија, по што локалните власти издадоа предупредување за цунами.

Според Американскиот геолошки институт, земјотресот со магнитуда од 6,8 степени ја погодил префектурата Мијазаки на длабочина од 48,9 километри околу 12:19 часот по Гринич.

Според јапонските власти, епицентарот на земјотресот бил во морето Хјуганада, а во префектурите Мијазаки и Кочи е издадено предупредување за цунами.

Наведуваат дека земјотресот бил со магнитуда од 6,9 степени.

TRT Balkan / агенции
Популарни