Претседателот Ердоган и австрискиот канцелар Нехамер се состанаа во Анкара / Photo: AA

Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, го пречека австрискиот канцелар Карл Нехамер со официјална церемонија во Претседателскиот комплекс во главниот град Анкара.

Ердоган и Нехамер ќе одржат тет-а тет средба и меѓуделегациска средба, по што ќе следува заедничка прес-конференција.

Турскиот претседател ќе приреди и вечера во чест на гостинот.

Тие ќе разговараат за сите аспекти на односите меѓу Туркије и Австрија, како и за чекорите за унапредување на билатералната соработка.

На дневен ред ќе бидат и актуелните регионални и меѓународни прашања.

TRT Balkan / агенции
Популарни