Професор принудил ученичка да гледа карикатура на божјиот пратеник Мухамед     Фото: АА (Архива) / Photo: AA Archive

Професор на колеџот Маунт Ридли во Крегиберн, кој се наоѓа 25 километри северно од Мелбурн во државата Викторија, во југоисточна Австралија, на средношколците на 14 октомври на час на кој предавал за медиуми им покажал карикатура на божјиот пратеник Мухамед.

Таткото на ученичката веднаш се пожалил во училиштето, при што побарал извинување

„Таа беше принудена да гледа експлицитна карикатура направена некаде во Европа против нашиот свет (божји) пратеник Мухамед“, рече нејзиниот татко.

Прикажувањето на божјиот пратеник Мухамед е забранет во повеќето, но не во сите толкувања на исламот.

Карикатурата, кој не беше дел од наставната програма на официјалните владини училишта во Викторија, беше насловна страница на францускиот сатиричен магазин Шарли Хебдо (Charlie Hebdo).

Таа слика, и други во публикацијата, предизвикаа масовно пукање во канцеларијата на магазинот во Париз на 7 јануари 2015 година, при што загинаа 12 лица, а 11 други беа повредени.

Според Исламскиот совет на Викторија (ИСВ), професорот предупредил на почетокот на часот дека ќе бидат прикажани потенцијално „конфронтирачки“ содржини и ги советувал учениците да можат слободно да си заминат доколку сакаат.

„Ученичката муслиманка за која станува збор навистина искажа приговори на презентираниот материјал, но наставникот продолжи“, се вели во соопштението на ИСВ.

Таткото на девојчето напиша на социјалните мрежи дека „за жал професорот не се осврнувал на тоа и продолжил да го пушта видеото, принудувајќи го моето дете да ја гледа таа содржина“.

„Ова болно ги влоши чувствата на моето дете и на моето семејство и не стави во болна психолошка и ментална траума“, додаде таткото.

Родителите на ученикот ја споделија својата загриженост со училиштето, ИСВ, Одделот за образование во Викторија (DET) и владата.

Портпаролот на ДЕТ за „Дејли Мејл Австралија“ изјави дека одделот го разгледува инцидентот.

„Откако разгледувањето (на случајот) ќе биде завршено и одделот ќе се консултира со групите во заедницата, ќе се донесе одлука дали треба да им се дадат дополнителни совети на училиштата во врска со слични чувствителни прашања“, рече портпаролот на ДЕТ.

„Се обезбедува целосна поддршка за секој ученик што е засегнат“, истакна тој.

Таткото на ученичката се сретнал со управата на училиштето и други за да разговараат за жалбата.

Училиштето го контактирало семејството и понудило поддршка на нивната ќерка.

Семејството бара наставникот да биде суспендиран, јавно извинување од училиштето и можност да разговара со училишната заедница за исламот и божјиот пратеник Мухамед.

Таткото на ученичката рече дека семејството бара „објаснување зошто воопшто се случил ваков настан.

„Сакаме и потврда дека вакви настани не треба да се случуваат во ниту една институција што ги повредува нашите чувства.“

ИСВ рече дека „разбира дека многумина во заедницата се крајно вознемирени поради она што го слушнале и сакаат да го изразат својот гнев и неодобрување“.

„ИСВ тесно соработува со семејството и бара заедницата да им даде време на ИСВ и на другите што работат на решавање на ова прашање да ги завршат истрагите и да преземат соодветни мерки“.

TRT Balkan / агенции
Популарни