Бројот на загинати во протестите во Перу, предизвикани од соборувањето на поранешниот претседател Педро Кастиљо, се искачи на 26, соопштија властите.
Министерството за здравство соопшти дека 61 лице се лекуваат во болниците.
Илјадници луѓе излегоа на улиците во многу градови барајќи оставка од новата претседателка Дина Болуарте и ослободување на Кастиљо, кој е во притвор.
Канцеларијата на народниот правобранител на Перу преку Твитер побара итна истрага поради жртвите во протестите.
На 7 декември, двајца министри поднесоа оставки по смртните случаи на протестите. Предлогот на Болуарте изборите да се одржат следниот декември беше отфрлен на гласањето во Конгресот.
Перу прогласи 30-дневна вонредна состојба низ целата земја бидејќи во неколку области владеат судири меѓу полицијата и демонстрантите поради импичментот и апсењето на Кастиљо на 7 декември.