Бројот на загинати во земјотресот што во вторникот го зафати Авганистан се искачи на 1.150, соопшти официјален претставник.
Најмалку 1.600 луѓе се повредени во земјотресот со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала, што го погоди источниот дел на земјата, изјави во четвртокот Абдул Вахид Рајан, висок талибански функционер и генерален директор на државната новинска агенција Бахтар.
Тој рече дека околу 1.800 куќи се урнати.
Спасувачките екипи продолжуваат со расчистување на урнатините за да ги ослободат повредените и да ги извлечат телата. Хуманитарна помош од Пакистан, Катар и Иран пристигна во земјата, рече официјалниот претставник.
Пактика и Хост се најпогодените авганистански провинции каде неколку села беа целосно уништени од смртоносниот земјотрес. Според мештаните, во средата биле извршени масовни погреби.
„Куќите ни се срушија и принудени сме да живееме под отворено небо“, рече Џаматулах, локален жител во Пактика.
Повредените се префрлени во болници, а некои се во критична состојба.
„Ни треба храна и засолниште“, рече Калид Задран, портпарол на полицијата во Кабул, во твит.
Во средата, привремената талибанска влада во Авганистан објави пакет помош од над 11 милиони американски долари за жртвите.
Сепак, земјата е во тешка економска криза по излегувањето на странските сили минатиот август и падот на администрацијата во Кабул, поддржана од САД.
23 јун 2022
Расте бројот на жртви во Авганистан, на преживеаните им треба храна и вода
Потребни ни се храна и вода, вели талибанскиот функционер откако силниот земјотрес предизвика смрт и уништување
AA
Поврзани новости
Написи во тренд во оваа категорија
Што друго би сакале да знаете?
Популарни