Министерот за надворешни работи на Туркије, Мевлут Чавушоглу, оствари телефонски разговор со азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов во врска со ерменските провокации на границата Азербејџан-Ерменија.
Во објава на својот профил на Твитер Чавушоглу истакна дека со колегата Бајрамов разговарале за „ерменските провокации“ на границата Азербејџан-Ерменија.
„Ерменија веќе треба да престане да провоцира. Тие треба да се фокусираат на мировните преговори и соработката во рамките на помирувањето што го постигнаа со Азербејџан“, напиша Чавушоглу.
Интензивни судири избија меѓу воените единици на двете земји на границата Азербејџан-Ерменија.
Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека ерменската армија вчеравечер извршила опсежни провокации во правците Дашкесен, Келбаџар и Лачин.