Гласањето би можело да биде ставено на дневен ред на Советот за безбедност во текот на оваа недела / Photo: AA

САД вчера соопштија дека побарале гласање во Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) за предлогот за прекин на огнот во Газа во три фази.

Нејт Еванс, портпарол на американската мисија на ОН, објави дека предлогот го поднеле до Советот за безбедност. Претходно предлогот го најави претседателот на САД, Џо Бајден, а го подготви Израел.

„Како што повеќепати нагласивме, имплементацијата на овој договор би овозможил моментен прекин на огнот, ослободување на заложниците, повлекување на израелските сили од населените подрачја во првата фаза, итно зголемување на хуманитарната помош и обновување на основните услуги и враќање на палестинските цивили во Северна Газа, заедно со мапата на патот за целосно завршување на кризата и повеќегодишен меѓународно поддржан план за реконструкција“, изјави Еванс.

Тој додаде дека Израел го прифаќа овој предлог и Советот за безбедност има можност да зборува во еден глас и да го повика Хамас да го стори тоа.

Извори од ОН наведоа дека гласањето би можело да биде ставено на дневен ред на Советот за безбедност во текот на оваа недела.

AA
Популарни