САД: Протест на доделувањето дипломи на Харвард / Photo: AA

Студентите протестираа на доделувањето дипломи на Универзитетот Харвард поради исклучувањето на 13 нивни врсници од церемонијата поради учество во пропалестинските протести.

Харвард во средата објави дека еден од неговите два управни одбори ја поништил одлуката на членовите на факултетот да ги вратат 13-те студенти демонстранти кои првично беа исклучени од церемонијата.

На протестот, кој се случи непосредно пред 11 часот, учесниците извикуваа слогани околу 10 минути, објави „Ен-би-си“.

„Како што продолжува нашата церемонија, некои од нас може да изберат слободно да се изразат за да привлечат внимание на настаните што се случуваат во поширокиот свет“, рече привремениот претседател Алан М. Гарбер.

„Тоа е нивно право да го сторат тоа“, додаде тој.

Објаснувајќи дека повеќе од 1.500 студенти и околу 500 универзитетски професори и вработени собрале потписи за наведените 13 студенти да ги добијат дипломите, Кумар истакна дека се длабоко разочарани од односот на универзитетската администрација кон слободата на изразување и правото на граѓанска непослушност.

Асмер Асрар Сафи, еден од 13-те студенти кои беа спречени да ги добијат дипломите, рече дека казната покажува колку далеку може да оди универзитетот за да ги задоволи своите донатори.

„Иако нема да можеме да се вратиме на овој универзитет, се надеваме дека нашите пријатели ќе го одржат во живот наследството од Кампот на солидарноста со Газа“, рече Сафи.

Управниот одбор на Харвард соопшти дека 13 студенти ја прекршиле политиката на универзитетот со нивното однесување за време на протестот за солидарност со Палестина и затоа најавија дека нивните дипломи нема да бидат доделени.

TRT Balkan / агенции
Популарни