Причините за пожарот засега не се познати / Photo: AA

Најмалку десет лица загинаа во пожар што избувна во дом за стари и немоќни лица во градот Сарагоса во североисточна Шпанија.

Во вестите на шпанската официјална новинска агенција ЕФЕ, врз основа на извори на Владата на автономната област Арагон, се наведува дека во раните утрински часови избувнал пожар во домот за стари лица „Жардинес де Вилафранка“ во областа Вилафранка де Ебро.

Констатирано е дека на местото на пожарот веднаш се испратени брза помош, пожарна, жандармерија, екипи за цивилна помош и психолози, а алармирани се и околните болници.

Надлежните изјавија дека во Домот за стари лица во моментот на пожарот имало 82 лица.

Според првичните податоци десет лица загинале, а едно лице е тешко повредено. Причините за пожарот засега не се познати.

AA
Популарни