Расмус Палудан, лидерот на данската екстремно десничарска партија Страм Курс (Цврст курс), не само што запалил копија од исламската света книга Куран под полициска заштита, туку, наводно, ги натерал шведските безбедносни сили да ослободат член на неговиот тим пред да започне со актот на провокација.
Фоторепортерот Орхан Каран вели дека придружник на Палудан, кого го видел на демонстрациите, одеднаш му пришол на агресивен начин и почнал вербално да го малтретира пред да му се закани дека ќе го нападне.
„Од вербално малтретирање прејде во физички напад. Полицијата го приведе на местото на настанот бидејќи беше сведок на инцидентот. Полицијата ме извести дека го отстранила од тој реон“, рече Каран.
Но според Каран, Палудан набргу пристигнал на местото на настанот и одбил да излезе од своето возило доколку полицијата не го ослободи неговиот колега.
Во нормални услови, приведените се носат во полициско возило, а потоа следи распит во полициска станица.
„Полицијата го прифати барањето на Палудан и лицето кое беше вмешано во кривично дело и дело насилство го врати на местото на демонстрациите“, рече Каран, кој додаде дека приведеното лице имало задача да го пренесува во живо чинот на Палудан.
Каран рече дека ќе поднесе тужба против полицајците кои се обвинети дека му овозможиле на Палудан да го изведе чинот. Каран вели дека полицијата му се извинила на уапсениот по ослободувањето.
Инцидентот предизвика бурни реакции меѓу муслиманите во целиот свет. Туркије го осуди палењето на Куранот од страна на Палудан како провокативен чин на злосторство од омраза. Анкара ја откажа претстојната посета на шведскиот министер за одбрана Пал Јонсон на Туркије.
Поради страв од можна руска инвазија во иднина, Шведска сака да биде дел од трансатлантскиот воен сојуз НАТО. Меѓутоа, нивната кандидатура во моментов ја оспорува Туркије, која бара од нордиската земја да почне да дејствува против активностите на терористичките групи, вклучително и ПКК и Терористичката организација ФЕТО на Фетулах Ѓулен.