Американскиот геолошки институт (УСГС) објави дека епицентарот на земјотресот бил на 25 километри југоисточно од градот Лонкопуа во Нојкен на југот на земјата./ Photo: AA Archive

Јужноамериканската земја Аргентина ја погоди земјотрес со јачина од 6,6 степени.

Американскиот геолошки институт (УСГС) објави дека епицентарот на земјотресот бил на 25 километри југоисточно од градот Лонкопуа во Нојкен на југот на земјата.

Земјотресот бил почувствуван и во централните и јужните региони на Чиле.

Снимен е на длабочина од 171 километар.

Според првичните податоци, нема човечки жртви или материјална штета.

TRT Balkan / агенции
Популарни