Силен земјотрес ја потресе Јапонија, има повредени и материјална штета

Силен земјотрес ја потресе Јапонија, има повредени и материјална штета

Четири лица се повредени, откажани или одложени се некои железнички услуги
Епицентарот на земјотресот бил во перфектурата Чиба, југоисточно од Токио, објави Јапонската метеоролошка агенција. / Photo: AA Archive 

Земјотрес со интензитет од 5,4 степени ова утро го потресе Токио, главниот град на Јапонија, и неговите околни подрачја.

Епицентарот на земјотресот бил во перфектурата Чиба, југоисточно од Токио, објави Јапонската метеоролошка агенција. По земјотресот не е дадено предупредување од можно цунами.

Четири лица се повредени, објави јапонската новинска агенција Кјодо.

Поради земјотресот откажани или одложени се некои железнички услуги.

Јапонија е една од земјите во светот со најголем број земјотреси, а земјотресот што ја потресе оваа земја во 2011 година предизвика и цунами од кој животот го загубија илјадници луѓе и предизвика катаклизмичен дефект во нуклеарната електрана Фукушима.

AA
Популарни