Силен земјотрес го потресе Тајван / Photo: AA

Силен земјотрес со јачина од 5,9 степени го потресе Тајван.

Според Геолошкиот институт на САД (USGS), земјотресот ја погодил островската држава на околу 27 километри од брегот на градот Хуалиен во околу 12:03 часот по локално време.

Централното метеоролошки биро на Тајван (CWB) ја измери јачината на земјотресот од 6,2 степени со епицентар во морето во близина на брегот на источен Тајван.

„Земјотресот е почувствуван низ целата земја, а потресот траеше неколку секунди во главниот град Тајпеј. Досега нема информации за штета или евентуални повредени“, објави интернет-страницата „Фокус Тајван“.


TRT Balkan / агенции
Популарни