Поради разорните земјотреси, со епицентар во Кахраманмараш, во северните делови на Сирија смртно страдаа повеќе од 3.162 лица, а повредени се повеќе од 5.000 лица.
Голем број жители во околината на Алепо останаа без кров над глава и на разни начини се снаоѓаат за да излезат на крај со многу ниските температури. Ноќите ги минат во автомобили, приколки од камиони, но и на улица со запален оган.
Напорите за пребарување и спасување траат од 6 февруари во Идлиб, Алепо, Хама, Латакија и Тартус, кои највеќе се погодени од земјотресите. Многу згради се уништени или оштетени во подрачјата под контрола на опозицијата на северот на Сирија.
Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтер утрото на 6 февруари го погоди југот на Туркије. Епицентарот на земјотресот регистриран е во округот Пазарџик во Кахраманмараш. Провинциите Газиантеп, Шанлиурфа, Дијарбакир, Адана, Адијаман, Малатја, Османије, Хатај и Килис се тешко погодени од земјотресот.
По тоа нов земјотрес со јачина од 7,6 степени по Рихтер истиот ден, на 6 февруари, го погоди дистриктот Елбистан, исто така во Кахриманмараш. Во Туркије досега намјалку 12.873 лица загинаа, а 62.937 се повредени.