Средба Алиев-Фидан: Приоритет е јакнењето на односи на Азербејџан и Туркије / Photo: AA

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, во Баку го прими турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан.

Од Претседателството на Азербејџан е соопштено дека Алиев му честитал на Фидан за неговото назначување на функцијата министер за надворешни работи на Туркије и му посакал успех.

Алиев истакнал дека неодамнешната официјална посета на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Азербејџан по изборите е уште еден пример за братските и сојузнички односи меѓу двете земји.

Во соопштението понатаму се наведува дека шефот на турската дипломатија, Фидан, истакнал дека му дава приоритет на развојот на братските и пријателски односи меѓу Туркије и Азербејџан.

Фидан, исто така, изрази благодарност за поканата пратена до Туркије да учествува на Министерскиот состанок на Координативното биро на Движењето на неврзаните.

Честитајќи му на Алиев за успешното претседавање со Движењето на неврзаните, Фидан истакна дека Азербејџан води многу важен процес.​​​​​​​

Претседателот Алиев, исто така, го информираше Фидан за процесот што се води за нормализација на односите меѓу Азербејџан и Ерменија и осигурувањето на мирот и безбедноста на Јужен Кавказ.

Фидан е во главниот град на Азербејџан за дводневниот состанок на Движењето на неврзаните, кој ќе заврши утре (четврток), соопшти турското Министерство за надворешни работи.

Тој претходно присуствуваше и се обрати на Министерскиот состанок на Координативното биро на Движењето на неврзаните.

Азербејџан го презеде претседавањето со Движењето на неврзаните, форум составен од 120 земји, во 2019 година.

AA
Популарни