Струјата и гасот во ЕУ минатата година со рекордни цени

Цените на електричната енергија и гасот достигнаа рекордно ниво во земјите на Европската Унија (ЕУ) во втората половина на 2022 година, покажуваат податоците на Европскиот завод за статистика.

Во втората половина од минатата година, просечната цена платена за 100 киловат-часови електрична енергија во домовите во земјите од ЕУ го собори рекордот со 28,4 евра.

Во истиот период во 2021 година домаќинствата во ЕУ плаќале многу помалку, 23,5 евра за 100 киловат-часови.

Меѓу земјите-членки на ЕУ, најевтина струја се продава во Унгарија - 10,8 евра за 100 киловат-часови, потоа во Бугарија - 11,5 евра, Малта - 12,8 евра и Холандија - 13,5 евра.

Најмногу за струја се плаќало во Данска, 58,7 евра за 100 киловат-часови, потоа во Белгија - 44,9 евра, Ирска - 42 евра и Чешка - 38,4 евра.

Романија доживеа највисоко поскапување на струјата од 112 отсто.

Швеѓаните користеле најскап природен гас

Во втората половина од минатата година просечната цена платена за 100 киловат-часови природен гас за домаќинствата во ЕУ беше пресметана на 11,4 евра наспроти 7,8 евра платени во истиот период во 2021 година.

Швеѓаните платија највисока сума за природен гас за домаќинствата, 27,5 евра за 100 киловат-часови.

Најевтин природен гас бил достапен во Унгарија, каде што домаќинствата плаќаа во просек по 3,5 евра за 100 киловат-часови.

Цените на природниот гас, исто така, пораснаа во 27-те земји членки на ЕУ. Највисоко поскапување на цената на гасот е регистрирано во Чешка, 231 отсто.

TRT Balkan / агенции
Популарни