Годишниот извештај за глобалното богатство, кој го проценува богатството на 5,4 милијарди возрасни лица на 200 пазари, вели дека глобалното богатство ќе достигне 629 милијарди долари во следните пет години./ Photo: Reuters

Глобалното богатство, мерено во лични средства, од недвижен имот до акции, би требало да се зголеми за 38 отсто до 2027 година, главно поттикнато од пазарите во развој, според студијата објавена од „Кредит Свис“ и УБС (Credit Suisse и UBS).

Годишниот извештај за глобалното богатство, кој го проценува богатството на 5,4 милијарди возрасни лица на 200 пазари, вели дека глобалното богатство ќе достигне 629 милијарди долари во следните пет години.

Оптимистичките прогнози доаѓаат и покрај тоа што во 2022 година беше забележан првиот пад на нето глобалното богатство на домаќинствата од глобалната финансиска криза во 2008 година.

Во земјите од БРИКС се очекува пораст

Номинално гледано, нето приватното богатство минатата година падна за 2,4 отсто, а губитокот е концентриран во просперитетните региони како Северна Америка и Европа, покажа извештајот.

Најголемиот пораст на богатството минатата година забележан е во Русија, Мексико, Индија и Бразил.

Извештајот предвидува дека богатството во економиите во развој, вклучително и земјите од БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка) ќе порасне за 30 отсто до 2027 година. Понатамошниот раст на пазарите во развој се очекува да придонесе за намалување на глобалната нееднаквост во богатството во наредните години.

Петкратно зголемено богатството во овој век

Најголем пад минатата година дојде од финансискиот имот,, наспроти нефинансиските средства, како што се недвижностите, кои останаа отпорни. Гледано поединечно, ова значи дека возрасно лице до крајот на минатата година имало помалку 3.198 американски долари.

Сепак, „глобалното средно богатство, веројатно позначаен показател за благосостојбата на просечниот човек, всушност се зголеми за три отсто во 2022 година, за разлика од падот на богатството од 3,6 отсто по возрасно лице“, се вели во извештајот.

Тоа богатство во овој век петкратно се зголеми, воглавно поради брзиот раст на богатството во Кина.

TRT Balkan / агенции
Популарни