Тајфунот предизвика поплави во Јужна Кореја што доведе до смртни случаи, евакуации и материјална штета.     Фото: Ројтерс

Најмалку десет лица загинаа, а илјадници луѓе се евакуирани во Јужна Кореја поради тајфунот Хинамнор.

Тајфунот предизвика поплави во Јужна Кореја што доведе до смртни случаи, евакуации и материјална штета.

Телата на уште седум лица се пронајдени на подземен паркинг во градот Поханг. Претходно три лица беа пронајдени мртви.

Екипите за пребарување и спасување спасија две лица кои преживеаја држејќи се за таванските цевки повеќе од 12 часа.

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол ги опиша настаните како „катастрофа“.

„Луѓето отидоа да си ги земат автомобилите во Поханг. Но, доживеаа тешка катастрофа“, рече Јеол.

Поради тајфунот Хинамнор над 66.000 куќи се во опасност, а патиштата се тешко оштетени. Илјадници луѓе ги напуштија своите домови на југот на земјата поради тајфунот, кој се движеше со брзина од околу 133 километри на час.

AA
Популарни