Зад експлозиите на пејџерите стојат израелските безбедносни служби / Фото: Reuters

Тајванската фирма „Аполо Голд“ негира дека ги произвела пејџерите што експлодираа во Либан, а зад чија активација се претпоставува дека стојат израелските безбедносни служби.

Во соопштението, компанијата наведува дека има воспоставено долгорочно овластување за лиценцирање и регионална агенциска соработка со компанијата БАЦ, која пак ја поседува лиценцата за користење на нејзиниот бренд.

„Согласно договорот, ја овластуваме БАЦ да ја користи нашата трговска марка за продажба на производи во одредени региони, но дизајнот и производството на производите целосно се менаџираат од БАЦ“, се вели во соопштението.

„Во врска со неодамнешните медиумски извештаи за пејџерот АР-924, појаснуваме дека овој модел го произведува и продава БАЦ. Ние обезбедуваме само лиценца за трговската марка на брендот и немаме никакво учество во дизајнот или производството на овој производ“, се вели понатаму.

Претходно, основачот на компанијата Хсу Чинг-куанг, исто така, негираше каква било вмешаност на неговата компанија во изработката на споменатиот пејџер.

Израелската разузнавачка агенција Мосад поставила експлозив во батериите на пејџерите што се активираа во вторникот во Либан, при што загинаа девет лица, а беа повредени околу 2.750 други, од кои 200 се во критична состојба, според извештај на каналот Скај Њуз Арабија.

„Њујорк тајмс“, повикувајќи се на официјални лица кои сакаа да останат анонимни, рече дека пејџерите што либанската група ги нарачала од Аполо во Тајван биле пробиени пред да пристигнат во Либан.

AA
Популарни