Туркије и Кувајт потпишаа 6 договори за соработка / Photo: AA

Туркије и Кувајт вчера потпишаа шест договори за соработка во присуство на претседателот Реџеп Таип Ердоган и кувајтскиот емир Мишал ал-Ахмад ал Џабер ал-Сабах во Анкара.

Церемонијата за потпишување на договорите е одржана по состанокот на лидерите од двете земји на ниво на делегации во претседателскиот комплекс во Анкара, главниот град на Туркије.

Кувајтскиот лидер претходно во текот на денот пристигна во официјална посета на Туркије, каде со најголеми почести беше пречекан од претседателот на Туркије.

Туркије и Кувајт потпишаа договори за соработка во полето на промоција на инвестиции, слободни зони, грижа за домување и инфраструктура, управување со катастрофи и вонредни ситуации, воспоставување заеднички стратешки дијалог и имплементација на меѓудржавните договори во одбранбената индустрија.

AA
Популарни