Турските компании за сателитска технологија Турксат, Турски аеровселенски индустрии (TAI) и Аселсан, ги презентираа своите производи и капацитети на конференцијата Сателит 2024, што се одржа во Вашингтон.
Конференцијата ги собра најголемите светски производители и оператори на сателити.
Енвер Искурт, заменик-министерот за транспорт и инфраструктура на Туркије, за Анадолу изјави дека се горди на трите турски компании кои изложуваат на настанот.
Тој го спомена новиот сателит Турксат 6А, нагласувајќи дека е целосно направен од турски компании.
Хасан Хусеин Ерток, извршниот директор на сателитскиот оператор во земјата Турксат, рече дека настанот е најголем во областа, каде што сите засегнати страни од оваа индустрија се здружуваат и учествуваат.
„Дојдовме на овој настан да го претставиме нашиот асортиман на производи, кој го проширивме во последните години, развојот што го направивме досега и да ја претставиме нашата земја“, рече тој.
Напомена дека ги прикажале новите технологии на кои работат во моментов, особено во областите како што се обезбедувањето интернет-услуги во воздухопловството и кај пловилата.
Мустафа Јаман, потпретседател на одбранбената компанија Аселсан, рече дека компанијата изложила сателитска опрема и кориснички терминали на настанот.
Таха Тетик, директор на програми за вселенски системи при производителот на авиони ТАИ, рече дека ги изложиле своите домашно произведени производи, како што се нивните комуникациски и сателити за набљудување, и дека присуствувале на настанот да се сретнат со потенцијални клиенти и да создадат нови конекции за потенцијална соработка.