Човекот, кој се декларира како член на Исламската држава, ја презеде одговорноста за нападот во видео што го објави на интернет / Photo: AA

Напаѓачот осомничен дека вчера убил двајца шведски навивачи и ранил возач на такси во Брисел бил застрелан утрово во квартот Шаербек, објавија во вторникот медиумите од белгиската престолнина.

Канцеларијата на белгиското државно правобранителство ја потврди информацијата за Ројтерс, велејќи дека е рано да се каже дали убиениот е навистина напаѓачот.

Белгиската телевизија ВРТ објави дека напаѓачот бил пронајден во кафуле.

Белгија го подигна нивото на тревога во главниот град на највисоко ниво, особено за шведските граѓани и институции и ја предупреди јавноста да биде внимателна и што помалку да се движи.

Човекот, кој се декларира како член на Исламската држава, ја презеде одговорноста за нападот во видео што го објави на интернет.

Напаѓачот по потекло од Тунис, кој неуспешно побарал азил во Белгија во ноември 2019 година, и бил познат на полицијата како шверцер на луѓе и илегален жител, изјави министерот за правда Винсент Ван Квикенборн на прес-конференција претходно во вторникот.

Шведска го подигна нивото на тревога на второто највисоко ниво во август, откако палењето на Куранот предизвика гнев кај муслиманите ширум светот и резултираше со закани од џихадистите.

Осомничениот напаѓач се викал Абдесалем Ал Гуилани (45), а во видеото на социјалните мрежи тој тврди дека е борец во името на Алах. Престрелката доаѓа во време на зголемена загриженост во некои европски земји поради конфликтот меѓу Израел и Хамас, иако белгискиот јавен обвинител вели дека нема докази дека напаѓачот имал некакви врски со конфликтот.

Според медиумите, во март 2021 година бил изготвен налог за депортација на Гуилани од Белгија, но бидејќи не можеле да го лоцираат, барањето никогаш не му беше доставено.

Се претпоставува дека тој пристигнал во Белгија во 2016 година, кога полицијата утврдила дека сака да се врати и да се бори за џихад.

Видео снимката од нападот во понеделникот вечерта во Брисел, објавена од дневниот портал Het Laatste Nieuws, покажува човек во портокалова јакна на скутер на раскрсница на улица со пушка од која прво испука пет куршуми, а потоа следи луѓе кои бегаат во зграда, а потоа пука повторно.

Според медиумските транскрипти од видео пораката што ја снимил пред нападот, сторителот рекол дека ги убил Швеѓаните за да се одмазди за името на муслиманите.

Инцидентот се слулчил пред натпреварот од квалификациите за ЕП 2024 во Германија меѓу Белгија и Шведска, кој поради нападот беше прекинат.

HINA
Популарни