Зеленски го нарече рускиот напад „тежок“ и изрази сочувство до семејствата на жртвите / Photo: AA

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во четвртокот дека 48 лица се убиени во руски напад врз продавница во градот Купјанск, во областа Харков, на истокот на земјата. Зеленски на Телеграм го нарече рускиот напад „тежок“ и изрази сочувство до семејствата на жртвите. „Секој кој и помага на Русија да ги заобиколи санкциите е криминалец. Сите што ја поддржуваа Русија досега го поддржуваат злото“, рече Зеленски, ветувајќи „праведен и моќен“ одговор на нападот. Тој, исто така, им се заблагодари на оние кои му даваат поддршка на Киев, додавајќи дека се водат разговори со европските лидери за зајакнување на воздушната одбрана на земјата.

AA
Популарни