Во воздушниот напад што руската војска го изведе врз Киев, главниот град на Украина, загинаа три лица, меѓу кои две се деца, а 10 се повредени.
Началникот на воената управа на градот Киев, Сергеј Попко, изјави дека руските сили во текот на ноќта го нападнале Киев, убивајќи деца, на 1 Јуни - Светскиот ден на детето.
Тој наведе дека Русија во нападот користела крстосувачки и балистички ракети.
„Сите откриени воздушни цели се уништени од нашите одбранбени сили“, рече Попко.
Тој потврди дека имало човечки жртви и е причинета материјална штета.
„Шрапнели од ракетите паднаа на поликлиника и на повеќекатница покрај неа во квартот Десна во главниот град. Како резултат на тоа, три лица загинаа, а 10 се повредени. Најлошо е што меѓу загинатите има деца“, рече Попко.
Началникот на воената управа додаде дека е причинета материјална штета на една куќа и дека изгореле паркираните автомобили.