Украина: Зголемен бројот на загинати во поплавите од експлозија на брана / Photo: AA

Бројот на загинати во поплавите предизвикани од експлозијата на браната „Каховка“ во јужната украинска област Херсон се искачи на 46, објави руската новинска агенција ТАСС.

„Според последните податоци, 46 лица загинаа, додека 122 лица се повредени и тие се примени во болница со хипотермија и други повреди“, соопшти новинската агенција, повикувајќи се на локалните служби за итни случаи.

Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за нападите на 6 јуни, кои доведоа до уништување на ѕидовите на браната, што резултираше со поплави на околните подрачја.

Владимир Салдо, шеф на регионалната Влада, именуван од Русија, преку Телеграм рече дека Украинските вооружени сили користеле британски ракети „Сторм шедоу“ за гранатирање на мостовите што го поврзуваат регионот Херсон со полуостровот Крим.

Сергеј Аксјонов, челник на Крим назначен од Русија, исто така, преку Телеграм истакна дека се извршени напади и на Чонгарските железници и автомобилските мостови.

Експерти вршат увид на штетите за да утврдат дали инфраструктурата може и понатаму да се користи за транспорт, додава тој.

TRT Balkan / агенции
Популарни