Светот е сведок на убивање на невини Палестинци / Фото: AA

Израел е главна причина што во Газа не пристигнува хуманитарната помош, сметаат од Агенцијата за помош и работа за палестинските бегалци на Обединетите Нации (УНРВА).

Притоа од почетокот на војната на 7 октомври граничниот премин Рафа не е затворен од египетска страна за влез на хуманитарна помош, изјави Филип Лазарини генералниот комесар на УНРВА за египетскиот канал Ал Кахира Вал Нас.

Светот е сведок на убивање на невини Палестинци од страна на израелската машина за убивање, која не поштеди ниту човек, камен, па дури и животно, додаде Лазарини.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас во кој загинаа 1.200 луѓе.

Според палестинските здравствени власти, оттогаш се убиени најмалку 23.968 Палестинци, главно жени и деца, а 60.582 се повредени.

Според ОН, 85 отсто од населението на Газа е веќе внатрешно раселено поради хроничен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена.

AA
Популарни