Наводите сѐ уште не се потврдени, а израелските сили ги негираа / Photo: AA

Израелските сили ги малтретирале Палестинците во центрите за притвор, се вели во извештајот на Обединетите нации (ОН).

Палестинските затвореници биле изложени на тепање, напади со кучиња и сексуални напади, соопшти Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) во интерниот извештај до кој дошол „Гардијан“.

УНРВА ги собрала информациите преку интервјуирање на ослободените палестински затвореници на преминот Керем Шалом, за време на нивното присуство за хуманитарна поддршка.

Наводите сѐ уште не се потврдени, а израелските сили ги негираа, наведува „Гардијан“.

Израелските сили ослободија 1.002 затвореници во декември, вклучително деца, жени и персонал на УНРВА, но повеќе од 4.000 луѓе беа приведени од почетокот на конфликтот на 7 октомври, се додава во извештајот на УНРВА.

Израел започна смртоносна офанзива на Појасот Газа по прекуграничниот упад на палестинската група Хамас на 7 октомври 2023 година. Во израелското бомбардирање што започна потоа загинаа најмалку 30.631 лице, а повредени се 72.043.

Според Обединетите нации, израелската војна принуди 85 отсто од населението на Газа внатрешно да се раселат, а постои и акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејства и да преземе мерки за да се гарантира влез на хуманитарната помош за цивилите во Газа.

AA
Популарни