Пожарот избувнал во ноќниот клуб „Маунтајн Б“ Фото: AFP

Најмалку 13 лица загинаа и 40 се повредени во пожар во ноќен клуб во Тајланд.

Пожарот одеднаш избувнал во ноќниот клуб „Маунтајн Б“ во јужната провинција Чонбури во околу 1 часот по полноќ кога клубот бил преполн, објави весникот „Бангкок пост“.

На снимките од клубот се гледаат луѓе како бегаат на безбедно, откако местото е зафатено со пожар.

Локалната полиција соопшти дека верува дека сите жртви се тајландски државјани.

Полицијата досега со локалните медиуми не сподели повеќе детали, но очевидците велат дека слушнале две експлозии кои го предизвикале пожарот.

AA
Популарни