Во инцидентите повреден е и командантот на Федералните полициски сили     Фото: АА

Бројот на загинати во судирите меѓу приврзаниците на лидерот на Движењето Садр, Муктада ал-Садр и безбедносните сили во главниот град на Ирак, Багдад, се искачи на 13, а бројот на повредени на 350.

Во веста на информативниот сајт „Багдад ал-Јевм“, базирана на безбедносни извори, соопштени се информации за бројот на загинати и повредени во случувањата во Багдад.

Бројот на загинати во судирите во Багдад се зголеми на 13, а повредените на 350. Во инцидентите, според веста, повреден е и командантот на Федералните полициски сили и едно лице кое го придружувало.

Исто така се наведува дека во Зелената зона продолжуваат судирите поради што бројот на загинати и повредени може да расте.

Приврзаниците на Садр вчера упаднаа во Владата и Претседателската палата во Зелената зона по одлуката на нивниот лидер да се повлече од политиката.

Во медиумите поврзани со Движењето Садр, се нагласува дека загинале 8 лица како резултат на огнот отворен од страна на војниците, а повеќе од 100 луѓе се повредени.

Муктада ал-Садр соопшти дека одлучил да штрајкува со глад сè додека не престанат вооружените судири во Багдад.

Претставништвото на мисијата на Обединетите нации (ОН) во Ирак ги повика страните да се држат настрана од вооружени конфликти и насилство.

AA
Популарни