Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека Украина ќе го прекине транзитот на руски гас во Европа по истекот на сегашниот договор на крајот на оваа година.
„Нема да го продолжиме транзитот на руски гас“, рече Зеленски на прес-конференција за време на самитот на ЕУ во Брисел.
Зеленски, исто така, апелираше до европските сојузници да ја координираат нивната работа за изнаоѓање траен мир во Украина.
„Потребна ни е координирана работа за да постигнеме траен мир, а не само прекин на непријателствата со кои Путин се обидува да купи време. Мораме да ја принудиме Москва на вистински, одржлив и гарантиран мир“, рече украинскиот претседател во Брисел во обраќањето до Европскиот совет.
Тој додаде дека европските безбедносни гаранции нема да бидат доволни за Украина, туку дека вистинските гаранции треба да доаѓаат од НАТО.
„Невозможно е да се зборува за ова само со Европа. Вистинските гаранции за нас сега или во иднина се НАТО гаранции“, рече Зеленски, додавајќи дека САД треба да учествуваат во ова прашање.
Тој додаде дека е важно да се разговара за потенцијален странски мировен контингент.
Во исто време тој го нарече луд рускиот претседател Владимир Путин го опиша Путин како „многу опасен“, обвинувајќи го дека не се грижи за човечкиот живот.
„Мислам дека е навистина луд, сака да убива“, изјави Зеленски за време на конференцијата.
Тој посочи дека Украина не може да живее со замрзнат конфликт на нејзина територија.
„Не можеме да живееме со замрзнат конфликт на нашата територија. Кога зборуваме за прекин на огнот, во кој било конфликт, во која било војна, луѓето знаат што ќе се случи следно, како би требало да заврши. Треба да имате на ум што ќе се случи утре за да денеска има прекин на огнот. Во спротивно, само го замрзнувате конфликтот и затоа на Украина ѝ се потребни безбедносни гаранции.
Тој додаде дека на Украина ѝ се потребни најмалку 19 противракетни системи за да ја заштити својата енергетска инфраструктура.
Во врска со предлогот на Путин да се тестира противвоздушната одбрана на Западот со лансирање на новата руска хиперсонична балистичка ракета „Орешник“ на која било цел во Украина, тој ги праша новинарите дали сметаат дека Путин е разумна личност.
Зеленски ја коментираше денешната изјава на Путин рече дека бил постигнат прелиминарен договор меѓу руските и украинските преговарачи во првите недели од војната во Истанбул, кој поради тогашниот британски премиер Борис Џонсон никогаш не беше спроведен.
„Украина не се согласи со рускиот ултиматум. Украина не потпиша ништо, немаше договори. Имаше одговор на ултиматумот на Русија“, рече Зеленски.
Запрашан како се чувствува за вториот мандат на американскиот претседател Доналд Трамп, кој започнува на 20 јануари, тој одговори:
„Добредојдовте, Доналд“.
Зеленски истакна дека сака Трамп да биде на украинската страна и дека сака подетално да разговара со него за војната.