Земјотрес со интензитет од 5,6 степени по Рихтер во утринските часови го потресе градот Хој во иранската покраина Западен Авганистан, во западниот дел од земјата.
Турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) информираше дека епицентарот на земјотресот се наоѓа во градот Хој, на длабочина од 7 километри.
Земјотресот се почувствува и во турските области Ван и Хаккари.
Епицентарот на земјотресот е оддалечен 29 километри од местото Башкале во турската област Ван.
TRT Balkan / агенции