Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди денес западниот брег на јапонската префектура Ишикава, објави тамошната метеоролошка агенција, јавува Анадолу.
Земјотресот имаше епицентар на длабочина од 10 километри.
Американскиот геолошки институт забележа јачина од 6,1 степен и соопшти дека тоа се случило на 35 километри северозападно од градот Хакуи.
Нема информации за непосредна штета или предупредување за цунами.
Официјалните лица ги повикаа жителите да останат смирени во областите каде што се чувствуваат силни потреси.
Во јануари, силен земјотрес го уништи полуостровот Ното и околните области на централна Јапонија. Во префектурата Ишикава загинаа 281 лице.
Префектурата Ишикава лежи во централниот регион Чубу во Хоншу, главниот јапонски остров, формирајќи истакнат полуостров на нејзиниот западен брег.