Американскиот геолошки завод објави дека епицентарот на земјотресот бил 471 километар јужно од градот Сува. / Photo: AA Archive 

Земјотрес со интензитет од 6,6 степени по Рихтеровата скала го потресе јужниот дел на островот Фиџи во јужниот Пацифик.

Американскиот геолошки завод објави дека епицентарот на земјотресот бил 471 километар јужно од градот Сува.

Според првичните информации, во земјотресот со интензитет од 6,6 степени, кој бил на длабочина од 562 километра, нема човечки жртви ниту е причинета материјална штета.

По земјотресот не е дадено предупредување за можно цунами.

AA
Популарни