Силен земјотрес го погоди Мексико доцна синоќа, но засега нема извештаи за причинета штета или предупредување за цунами.
Според Американскиот геолошки институт (USGS), епицентарот на земјотресот со магнитуда од 6,3 степени според Рихтеровата скала бил на 131 километар источно од туристичкиот град Кабо Сан Лукас.
Земјотресот се случил на длабочина од околу 10 километри, соопшти Институтот.
TRT Balkan / агенции