Во моментов нема извештаи за жртви или повредени / Photo: AA

Јапонија беше погодена од силен земјотрес во четвртокот, што предизвика предупредување за цунами.

Според Геолошкиот институт на САД (УСГС), земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтер ја погоди префектурата Мијазаки околу 7:42 часот по Гринич.

Локалните власти издадоа предупредување за цунами во префектурите Кочи, Мијазаки, Ехиме, Оита и Кагошима.

Подоцна, јапонската метеоролошка агенција го укина предупредувањето за цунами за четири префектури, додека сè уште беше на сила за Мијазаки, објави јавниот радиодифузен сервис НХК.

Властите го затворија аеродромот Мијазаки, велејќи дека нуклеарните централи во близина на подрачјето погодено од земјотресот немаат проблеми.

„Не се пријавени никакви абнормалности во нуклеарните централи Иката и Сендаи во префектурите Ехиме и Кагошима“, велат операторите.

Поради земјотресот, привремено е во прекин и сообраќајот со брзите возови.

Снимката емитувана на локалната телевизија НХК покажува возила како се нишаат на патот, а сообраќајната сигнализација и столбовите се нишаат поради интензитетот на земјотресот. Во моментов нема извештаи за жртви или повредени.

AA
Популарни