Брифингот во Советот за безбедност на ОН накратко запре кога земјотрес го погоди источниот дел на САД во петокот.
Јанти Соерипто, претседатека на Save the Children US, се обрати на состанок на Советот за ситуацијата на Блискиот Исток кога земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала ги погоди североисточните американски држави Њу Џерси и Њујорк.
Седејќи до Соерипто, палестинскиот пратеник во ОН Ријад Мансур се пошегува: „Ти го тресеш теренот“.
Соерипто му рече на советот дека во конфликтот, 14.000 деца се „непотребно и насилно“ убиени, а уште илјадници се исчезнати, кои се претпоставува дека се затрупани под урнатините.
„Ако седам овде и ги читам името и возраста на секое израелско и палестинско дете кое починало на и од 7 октомври, ќе ми требаат повеќе од 18 часа“, додаде таа.
По состанокот, Соерипто рече дека земјотресот можеби ги нарушил нејзините забелешки во советот.
„Но, она за што повикав е далеку од тоа да ја уништи земјата. Во име на сите деца во Газа, побарав акција. Светот има алатки за справување со оваа криза. Едноставно нема политичка волја да ги искористи“, рече таа на X.
Епицентарот на земјотресот со јачина од 4,8 степени според Рихтер е регистриран во округот Хантердон во Њу Џерси, западно од островот Менхетен каде се наоѓа седиштето на ОН во Њујорк.
Засега нема информации за жртви или материјална штета.