Жртвите и понатаму живеат со траумите за кои Караџиќ е осуден / Photo: AA

Поминаа седум години од изрекувањето на првостепената пресуда со која Меѓународниот кривичен суд за подрачјето на поранешна Југославија (МКСЈ) во Хаг го осуди поранешниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ на 40 години затвор. Поминаа и четири години откако таа пресуда пред Механизмот за меѓународните кривични судови (ММКС) е преиначена во казна доживотен затвор, а жртвите и понатаму ги носат траумте за кои Караџиќ е осуден.

Поранешниот претседател на Република Српска и водач на бунтовниците на босанските Срби, Караџиќ беше осуден за злосторства кои се сметаат за најтешки на европско тло од крајот на Втората светска војна. За тие злосторства за агенцијата Анадолу (АА) сведочеше 40-годишниот Адел Шабановиќ кој пеколот на логорот го преживеа како дете.

Роден во Власеница, на 9-годишна возраст го преживеа злосторството кое кое се случи на 16 мај во 1992 година во местото Заклопача, а потоа со преживеаните сонародници поминал шест месеци криејќи се по шумите во тој регион.

Адел Шабановиќ (40) пеколот на логорот го преживеа како дете. Роден во Власеница, на 9-годишна возраст го преживеа злосторството кое кое се случи на 16 мај во 1992 година во местото Заклопача AA

„Тука беа 60 лица, од тоа 15 деца, од најмалото од четири години до најстарата Фатима Бербиќ која имаше 80 години. Потоа отидовме во Сребреница и цело време бевме таму под терор и гранати и масовното убивање на луѓе“, рече Шабановиќ.

Посочувајќи дека луѓето умирале под опсада од снајперски истрели, но и од глад и болести, Шабановиќ рече дека и тој го преживеал геноцидот во јули 1995 година во Сребреница.

„Бев во Поточари во 1995 година и тука преживеав и со своите очи го гледав геноцидот, каде сум натеруван да донесам вода за да тие ги исперат ножевите, бидејќи ги заклаа луѓето и силуваа жени“, рече Шабановиќ.

Шабановиќ понатаму рече дека тогашниот командант на Војската на РС Ратко Младиќ - исто така во Хаг е осуден за воени злосторства и злосторства и злосторства на геноцид на казна доживотен затвор, во 2017 година, односно во 2021 година - во таа пригода пред камерите ветуваше дека сите ќе бидат евакуирани од Сребреница, но дека хоророт и злосторствата почнаа откако камерите се исклучени.

„Настана хаос, колење, одвојување и грабнување деца од 13 години па натаму од рацете на мајките од колоните и одвојувањето на мојот дедо Хусо Ахметовиќ кој е роден 1931 година“, рече Шабановиќ.

Траумите на злосторствата преживеани во текот на агресијата на БиХ, Шабановиќ, и ден денес ги носи со себе, но вели дека пресудите на воените злосторници ги смета за важни во контекст на борбата за вистина за агресијата на БиХ.

Шабановиќ изрекувањето на пресудата на Караџиќ го следеше во Сараевската вијеќница и драго му е што водачот на таа политика е осуден за злосторства, како и што се осудени и другите злосторници, вклучувајќи го Младиќ, Радислав Крстиќ и другите.

„Денес е тешко, голема е борбата. Имаме денес проблем ние преживеаните жртви на геноцидот, обесправени сме и незаштитени во секој поглед. Денес ни се додава сол на раните. Денес се прогонуваат оние кои говорат за жртвите и за геноцидот, а се наградуваат злосторници и според нив се даваат имиња на улици, плоштади и јавни установи и се слават како херои“, заклучи Шабановиќ.

По апсењето во Белград во 2008 година, судењето на Караџиќ во Хаг почна во 2009 година, а со првостепената пресуда во март 2016 година осуден е на 40 години затвор.

Судиите Караџиќ го прогласија за виновен за геноцид на подрачјето на Сребреница во 1995 година, прогон и убиство на Бошњаци и Хрвати ширум Босна и Херцеговина, тероризирање на населението на Сараево со гранатирање и снајперски оган и земање припадници на меѓународните мировни сили за заложници.

Караџиќ во март во 2019 година, пред Механизмот за меѓународните кривични судови (ММКС) правосилно е осуден на доживотна казна затвор која ја служи во Велика Британија.

TRT Balkan / агенции
Популарни