Рама: Ќе ги укинеме таксите со Косово      Фото: АА

Албанскиот премиер Еди Рама најави дека Албанија ќе ги укине сите царински такси за увозот од Косово, почнувајќи од земјоделските производи.

Премиерот Рама беше во посета на фабрика за производство на брашно во Ораховац, а во изјава за медиумите рече дека „Албанија не сака Отворен Балкан без такси, а во него да не биде опфатено и Косово“.

„Направивме план за укинување на таксите и ќе ги укинеме целосно. Би сакале тоа да биде билатерално со Косово, но ние секако ќе го направиме. Тие побараа повеќе време за да анализираат, но ние ќе ги укинеме таксите за сé што доаѓа од Косово… Од друга страна, тоа треба да го направи и Косово, но доколку на косовската влада ѝ треба повеќе време за да простудира, ние тоа секако ќе го направиме“, изјави Рама.

Албанскиот премиер денес е во посета на Косово поради заедничка седница на владите на Албанија и Косово, која се одржува во Приштина.

Ова е осма заедничка седница на владите на Косово и Албанија, а првата беше одржана во јануари 2014 година во косовскиот град Призрен.

TRT Balkan / агенции
Популарни