Американскиот гигант за е-трговија Амазон објави дека ќе инвестира уште 4 милијарди долари во компанијата за вештачка интелигенција „Антропик“.
Во соопштението на компанијата се наведува дека Амазон и Антропик ја продлабочиле својата стратешка соработка.
Амазон ќе инвестира уште 4 милијарди долари во „Антропик“.
Како што се наведува во соопштението, Амазон Веб Сервиси (Amazon Web Services -AWS), кој е примарен обезбедувач на клауд на Антропик, отсега ќе биде и негов примарен партнер за обука, при што во иднина, за обука и имплементација на основните модели ќе се користат чиповите АВС Треиниум и Инферентиа (AWS Trainium и Inferentia).
Амазон во септември 2023 година објави дека ќе инвестира 1,25 милијарди долари во иницијативата за вештачка интелигенција Антропик, формирана од поранешните директори на ОпенАИ.
Светскиот гигант за е-трговија инвестираше дополнителни 2,75 милијарди долари во март, зголемувајќи ја вкупната инвестиција во Антропик на 4 милијарди долари.
Со новото финансирање, вкупната инвестиција на Амазон во Антропик ќе изнесува 8 милијарди долари.