Истражување: Книгите се клучни за восиптување на креативни деца     Фото: АА

Повеќе од половина (55 проценти) родители во Соединетите Американски Држави предвидуваат дека нивното дете ќе има кариера во некоја креативна област. Неодамнешното истражување спроведено во САД на 2000 родители кои имаат деца на училишна возраст покажало дека седум од десет родители (71 процент) сметаат дека нивното дете е покреативно отколку што биле тие на негови години и дека книгите можат да бидат движечка сила. Половина од родителите купуваат книги за нивното дете барем еднаш месечно.

Кога се во прашање книгите се чини дека татковците се многу внимателни и активни. Мажите почесто од жените им купуваат книги на нивните деца еднаш или неколку пати месечно (54 ннаспроти 44 проценти). Просечно дете има 26 книги од кои 21 ги бира само. Единствено шест проценти од просечната детска колекција на книги ја сочинуваат лектирите за на училиште.

Шеесет и два проценти од децата имаат сопствени полици за книги, а речиси половина односно 48 проценти од нив се полни. Тројца од четворица родители изјавуваат дека очекуваат нивното дете наскоро полиците да ги пополни со нови книги.

Дарба за читање

Истражувањето кое го спроведе компанијата за истражување на пазарот „One Poll“ покажа дека родителите најверојатно повеќе ќе уживаат во споделување на своите омилени книги со нивните деца (58 проценти) отколку телевизиски емисии (50 проценти), места или искуства (44 проценти).

Родителите од генерацијата „Z“ посебно уживаат во тоа на своите деца да им ги покажат нивните омилени книги од детството повеќе отколку било која друга старосна група (76 проценти). Сѐ на сѐ и родителите и децата уживаат во читањето. Шеесет и пет проценти од родителите читаат, а исто толку размислуваат за нивните деца.

За таа цел просечните родители и детето на читањето му посветуваат околу пет часа неделно. Што се однесува до омилените жанрови, околу една третина 32 проценти од родителите истакнуваат дека нивните деца уживаат во авантуристички книги. Тука се и книгите со научна фантастика 27 проценти, фикција 27 проценти, мистериозни приказни 27 проценти.

Било кој жанр може да биде едукативен

Со оглед на тоа дека 69 проценти од родителите истакнуваат дека нивното дете има многу креативна енергија кај него постои желба за дополнителни можности да ја употреби. Триесет и седум проценти од децата ги насочуваат нивните таленти кон цртање додека 32 проценти кон пишување.

„Постојат многу начини на кои родителите можат да продолжат да ја негуваат љубовта на детето кон читањето во текот на годината, од заедничко читање на глас, до тоа децата да ги оживуваат омилените приказни преку цртежи или глума”, се наведува во истражувањето.

Исто така 54 проценти од родителите купуваат образовни книги или работни тетратки за нивното дете, а 48 проценти тоа го прават во текот на целата година. Повеќе од четвртина, 26 проценти од родителите исто така сакаат да го поттикнат нивното дете да чита повеќе информативни книги.

Препорака за книги

Без оглед на жанрот, три најголеми извори на родителите за пронаоѓање нови препораки за книги за деца се пријателите и семејството (32 проценти), интернет страниците за книги (30 проценти) и други он-лајн пребарувања (28 проценти).

Во анкетата исто така им биле поставени прашања и на децата за тоа дали љубовта кон читањето ги инспирира да станат писатели. Кога било поставено ова прашање 68 проценти од децата одговориле потврдно.

„Било кој жанр на книга лесно може да стане едукативно средство. Земајќи ја превид склоноста кон читање на децата, наставниците можат да создадат голема библиотека во училницата и надвор од неа за децата од читатели да ги претворат во љубители на книгата”, се вели во истражувањето.

TRT Balkan / агенции
Популарни