Куче за Гинис: Боби има 30 години и е најстаро куче на светот / Photo: Официјален сајт на Гинисовата книга на рекорди

Боби од Португалија со 30 години е најстарото куче на светот, објави Гинисовата книга на рекорди. Боби е чистокрвен Рафеиро до Алтентејо, раса на овчарски кучиња со просечен животен век од само 12 до 14 години, според веб-страницата на Гинисовата книга на рекорди.

Целиот живот го поминал во селото Конкуериос во централната провинција Леириа со семејството Коста.

Боби има 30 години и е најстаро куче на светот Официјален сајт на Гинисовата книга на рекорди

„Кога Боби би говорел, само тој би можел да ја објасни неговата импресивна долговечност“, рече сопственикот на Боби, Беонел Коста (38).

Кучето живее прилично вообичаен живот: спие преку цела ноќ, откако добро ќе јаде. Во зимскиот период сака да биде блиску до каминот и да се грее. Напролет сака да се шета во фармата и низ шумата. Со 30 години и 266 дена, кучето Боби, по дневниот оброк сака да лежи во својот кревет и да му биде топло.

TRT Balkan / агенции
Популарни