Меѓународен ден на чоколадото: Горкиот напиток кој стана слатко задоволство     Фото: TRT Balkan

Црно, бело, со лешници, со суво грозје, млечно или со карамел. Во светот постојат илјадници видови чоколадо, но речиси сите се подеднакво вкусни и речиси секој ги сака чоколадата.

Ако некогаш калкулирате дали денес да јадете чоколадо, колку коцки да изедете и како тоа ќе влијае на вашето здравје, денес слободно можете да јадете неколку коцки без никаква грижа на совест. Иако постојат неколку денови кои се посветени на чоколадото сепак 13 септември се прославува како Меѓународен ден на чоколадото

Националното здружение на слаткари наведува дека 13 септември се слави како меѓународен ден посветен на чоколадото кој се совпаѓа со роденден на Милтон С. Херши, основачот на компанијата за чоколади Херши.

Основатa на чоколадото секако е зрното какао, основната состојка за производство на овој деликатес.

Самиот збор „чоколадо“ доаѓа од шпанскиот јазик, а потекнува од ацтечкиот збор xocolatl, што значи „горчлива вода“.

Ацтеките ги треснале зрната какао и ги пиеле без да додадат шеќер, а мислеле дека зрната потекнуваат од боговите па ја нарекувале „храна на боговите“.

Историјата на чоколадото и неговото создавање од зрната какао може да се проследи до древните Маи, а уште порано до древните Олмеци од јужно Мексико.

Зборот „чоколадо“ можеби креира слики за нешто слатко , но во поголемиот дел од својата историја, чоколадото било горчлив пијалaк, а не сладок.

Постојат спротивставени извештаи за тоа кога чоколадото пристигнало во Европа, иако прифатено е дека на европско тло прво пристигнало во Шпанија. Една приказна вели дека Кристофер Колумбо открил зрна какао откако пресретнал трговски брод на патување во Америка и ги донел зрната назад во Шпанија со себе во 1502 година.

Друга приказна вели дека Ернандо Кортес ги донел зрната какао во Шпанија. Чоколадниот пијалок кој вклучувал шеќер станал популарен веднаш. Зборот „чоколадо“ првпат се појавил во писмени документи во Англија во 1604 година.

Чоколадото станало популарно во Европа и во САД и набргу ја добило формата и вкусот познат денес.

Чоколадото се прави од плодовите на какао дрвјата, кои потекнуваат од Централна и Јужна Америка. Плодовите се нарекуваат мешунки и секоја мешунка содржи околу 40 зрна какао. Зрната се сушат и се печат за да се создадат зрна какао.

Најголеми производители на какао и чоколадо

Годишната трговија на чоколадо во светот изнесува 28,6 милијарди долари. Помеѓу 2019 и 2020 година извозот на чоколадо се намали за -1,97%, од 29,2 милијарди долари на 28,6 милијарди долари. Трговијата со чоколадо претставува 0,17% од вкупната светска трговија. Најголеми производители на какао во светот се Брегот на Слоновата Коска, Гана и Еквадор, а најголеми извозници на чоколада во светот се Германија, Белгија, Италија и Полска.

Во 2020 година Германија имала извоз на чоколада во вредност од 4,98 милијарди долари, Белгија- 2,7 милијарди долари, Италија - 2,11 милијарди долари и Полска 2,03 милијарди долари.

Во 2020 година, најголеми увозници на чоколадо беа САД со 2,9 милијарди долари, Обединетото Кралство со 2,31 милијарди долари, Германија со 2,24 милијарди долари, Франција со 2,2 милијарди долари и Холандија со 1,38 милијарди долари.

TRT Balkan
Популарни