Светот може да заштеди 700 милиони тони штетни гасови со возење велосипед.     Фото: АА

Секторот за транспорт моментално е одговорен за речиси четвртина емисии стакленични гасови од согорување на горивата. Половина од тие емисии доаѓаат од автомобилите, а се очекува дека побарувачката за транспорт до средина на векот ќе биде три пати поголема.

Во обид на декарбонизација на прометот владите и индустриите се срвтеа кон електрични возила. Само минатата година продадени се 6,75 милиони. Бројот на продадени возила се следи и се објавува секоја година. Потешко е да се следи производството и продажбата на многу постаро возило со ниска емисија на штетни гасови - велосипедот.

Кина произведува највеќе велосипеди

Меѓународното здужение на истражувачи сега ја состави првата база на податоци за сопственост и употреба на велосипеди по држави, користејќи се со статистичко моделирање за да се потполнат недостатоците во информациите.

Се испостави дека производството на велосипеди помеѓу 1962 и 2015 година го надмина производството на автомобили. Повеќе од две третитини од 123 милиони велосипеди произведени во 2015 година се однесуваат на Кина.

Во списанието „Communications Earth and Environment“ научниците покажаа дека поседување велосипед е поголемо во побогатите земји, но таму се користат повеќе и автомобилите. Тоа покажува дека голем број велосипеди не значи нужно и голема употреба на возилото на две тркала.

Меѓу 60 држави вклучени во истражувањето, велосипдерите за патување се користат само во пет отсто случаи. Во некои држави едноставно недостасуваат велосипеди, а во други, каде ги нема многу тие се користат за рекреација, а помалку како превозно средство.

Данците и Холанѓаните предводници во возење велосипед

Кога сите би патувале на работа како Данците, кои дневно во просек, на велосипед поминуваат 1,6 километри, светот би можел д емитува околу 414 милиони тони јаглерод диоксид помалку секоја година, пресметаа научниците. Тоа е еднакво на годишните емисии на Велика Британија.

Кога сите би возеле велосипед колку што возат Холанѓаните, кои дневно поминуваат 2,6 километри, светот би заштедил 686 милиони тони.

„Светската про-велосипедска политика и развојот на инфраструктурата би овозможиле премин на холандски и дански начин и би довеле до значајни, засега неискористени бенефити за климата и здравјето“, напишаа авторите на студијата.

Тие сметаат дека таа двојна корист бара подобро собирање податоци за велосипедите и дека постои итна потреба за промовирање одржлива употреба на велосипеди преку политиката на поддршка, планирање и развој на инфраструктурата.

За промените не е потребен само технолошки напредок

Главниот автор на студијата Ганг Лиу, професот на Департманот за зелена технологија на Универзитетот Јужна данска, рече дека истражувањето покажало дека велосипедите во иднина имаат важна улога во намалување на јаглеродниот отпечаток на глобалниот транспорт. Лиу истакнува дека за промени во транспортот не е неопходен само технолошкиот напредок.

„Потребни се и стратегии за промени во побарувачката, како алтернативните образоци на мобилност, заеднички превоз, превоз на барање и споделување, како и замена на автомобилот на кратки релации со возење велосипед.“

TRT Balkan / агенции
Популарни