Популациите на дивите видови - цицачи, водоземци, рептили и риби во просек се помали за 69 отсто од 1970 година, се истакнува во објавениот извештај на Светскиот фонд за природа (WWF) кој покажува дека состојбата во природата е сериозно нарушена и дека е потребно итно зачувување на биолошката разновидност.
Осврнувајќи се на резултатите од „Извештајот за состојбата на планетите“, генералниот директор на Светскиот фонд за природа, Марко Ламбертини рече дека сме соочени со две кризни ситуации предизвикани од човечко делување, климатските промени и губитокот на биодиверзитетот, кои ја загрозуваат состојбата на сегашните и идните генерации.
„Овој извештај изнесува шокантни бројки. Ако сакаме да го запреме и да направиме пресврт во губењето на природата и да обезбедиме здрава иднина за луѓето и природата, одговорот мора да биде во промена на системот“, порача тој.
Досега најголемата база на податоци која опфаќа речиси 32.000 популации од 5.230 видови, Индексот на животот на планетата, кој во рамките на извештајот го направи Лондонското зоолошко здружение, покажува дека посебно остар пад е забележан меѓу популациите на набљудуваните 'рбетници во тропските краишта.
Извештајот покажува дека секаде во светот главни предизвици се намалената популација на дивите животни, деградација и губење на населението, експлоатација, воведување инвазивни видови, загадување, климатски промени и болестите.
Некои од овие причини предизвикале губење на африканските диви животни од 66 отсто во текот на набљудуваниот период, како и на вкупен пад од 55 отсто на популациите во Азија и Пацификот.
Светскиот фонд за природа е исклучително загрижен поради овој тренд бидејќи станува збор за краишта со најголем биодиверзитет на светот.
Податоците од Индексот посебно укажуват на тоа дека помеѓу 1970 и 2018 година набљудуваните популации на дивите животни во Латинска Америка и во пределите на Карибите опаднаа во просек за 94 отсто.
Бројката на набљудуваните популации на слатководните животни намален е во просек за 83 отсто, по што оваа група на видови е во предност во однос на сите други. Губитокот на
живеалиштата и бариерите на миграторните патишта сочинуваат околу една половина од сите опасности кои им се закануваат на набљудуваните видови миграторни риби.
Ламретини рече дека светските челници на конференцијата за биодиверзитетот COP15 во декември ќе имаат можност да го обноват нарушениот однос со светот на природата и ќе обезбедат поодржлива иднина со амбициозен глобален договор за биодиверзитетот, сличен на Договорот од Париз.
„Неопходно е овој договор да овозможи итно делување на терен, вклучувајќи трансформација на секторите кои доведуваат до губиток на природата, финансиска поддршка на земјите во развој“, додаде тој.
Извршната директорка на Светскиот фонд за природа (Адрија(, Наташа Калауз, предупреди дека и големите ѕверки во балканскиот регион: волкот, мечката и рисот се соочени со проблемот на опстанување.
Таа порача дека сите имаат одговорност нешто да преземат доколку сакаме здрава планета за идните генерации. Тоа вклучува декарбонизација на сите сектори, но и промена на начинот како ги произведуваме и користиме производите, како живееме, како правиме избор на превозот, како се храниме и како се справуваме со ограничените природни ресурси.