Нѐ очекува ли „апокалипса на инсектите“ поради климатските промени?     Фото: ТРТ Балкан

Меѓународна студија за иднината на инсектите спроведена во рамките на сценариото за климатските промени откри дека се помалиот број на инсекти во светот драстично ќе ја намали човековата способност за изградба на одржлива иднина.

Коавторот на студијата Вилијам Лоранс од австралискиот Универзитет „Џејмс Кук“ рече дека биосферата веќе се загреала за околу 1,1 Целзиусов степен од прединдустрискиот период и се предвидува дека до 2100 година, доколку не се намали значително емисијата на стакленички гасови, ќе се загрее за дополнителни два до пет степени.

Ситните инсекти кои немаат можност за регулација на сопствената телесна температура се особено чувствителни на температурните промени и нивото на влагата, рече Лоренс.

„Има се повеќе докази кои укажуваат на тоа дека бројни популации на инсекти во разни делови на светот се намалуваат со голема брзина. Тоа е длабоко загрижувачки тренд, а медиумите, дури и некои научници, се почесто го користат изразот „апокалипса на инсекти“ за да го опишат овој феномен“, рече Лоранс.

Инсектите се важен дел од биодиверзитетот. Важни се за околината бидејќи се одговорни за процесот на опрашување, контролирање на бројот на штетниците и рециклирање на хранливите материи.      Фото:  TRT Balkan

Инсектите се многу важни во ланецот на исхраната и намалувањето на нивниот број можеби веќе игра важна улога во широко распространетиот пад на бројот на нивните конзументи, а тоа се птиците, предупредува тој.

„Инсектите се важен дел од биодиверзитетот. Важни се за околината бидејќи се одговорни за процесот на опрашување, контролирање на бројот на штетниците и рециклирање на хранливите материи. Сето ова е корисно за другите живи суштества на планетата, вклучувајќи ги и луѓето“, рече австралискиот научник.

Со студијата е утврдено дека климатските промени влијаеле на останатите фактори кои ја загрозуваат популацијата на инсектите, а тоа се загадувањето, губењето на живеалиштата и предаторството - биолошка интеракција во која еден организам, предатор, убива и го јаде другиот организам, неговиот плен.

„Клучно е да се управува со живеалиштата и да се обноват што е можно повеќе за да станат отпорни на климатските промени и да им се обезбеди на инсектите еден вид засолниште каде што ќе можат да преживеат екстремни климатски услови, смета Лоранс.

„Доказите се многу јасни и очигледни. Мораме да делуваме сега за да го намалиме негативниот удар на популацијата на инсекти. Добро знаеме како тоа да го постигнеме, но донесување одлуки и потребното финансирање секогаш се ставаат под тепих“, заклучи научникот.

TRT Balkan / агенции
Популарни