Австралиската рударска компанија „Лукапа дајмонд“ соопшти дека во Ангола открила редок розов дијамант од 170 карати.
Според соопштението на компанијата, еден од најголемите розови дијаманти во историјата е ископан во рудникот „Луло“ во Ангола.
Розовиот дијамант од 170 карати, наречен „Луло роза“, е најреткиот и најчист вид дијамант во природата.
Дијамантот е „најголемиот розов дијамант забележан во последните 300 години“.
Дијамантот ќе биде ставен на продажба на меѓународен тендер преку државната компанија за маркетинг на дијаманти на Ангола. Сѐ уште не е утврдена неговата парична вредност.
Дијамантино Азевадо, министер за минерални ресурси на Ангола, истакна дека овој вреден дијамант е показател дека Ангола е важен играч во светски размери во областа на благородните метали.
По нафтените деривати, дијамантите и благородните метали се меѓу најважните извозни производи на Ангола.