„Брат“(brat), збор во англискиот јазик чиешто значење го преобликува британската пејачка Чарли XCX, е прогласен за збор на годината во 2024 година од Колинсовиот речник.
Музичката ѕвезда, чие вистинско име е Шарлот Ајчисон, го објави својот шести студиски албум „Брат“, на почетокот на годината, инспирирајќи тренд на ТикТок кој ја надмина естетиката и стана стил на живот.
Зборот „брат“, или детиште во оригиналното значење во англискиот јазик е редефиниран во „се карактеризира со самодоверба, независност и хедонистички став“ и набрзо стана естетско движење на летото, објави речникот.
„Движењето настана како олицетворување на самољубје, позитивна слика за сопственото тело и поттикнува неоптоварување при изборот на стилови. Ова означува нагло отстапување од претходниот тренд „чиста девојка“, кој промовираше елементи како што се јога, рано легнување и залижана коса“ стои во објаснувањто.
Лексикографите на Колинсовиот речник го ставија зборот „брат“ на врвот на листата откако ги прегледаа изворите на медиумите, вклучително и социјалните мрежи, бидејќи тој е „толку широко прифатен“.
Речникот наведува дека терминот станал „еден од зборовите што најмногу с користел во 2024 година“.
Друг збор на списокот, кој ја нагласува улогата на женските музичари во обликувањето на популарната култура, е „ера“, инспириран од музичарката Тејлор Свифт и нејзината турнеја Ерас вредна милијарди долари, со која ги води фановите низ нејзината досегашна кариера.
Другите зборови на овогодинешната листа вклучуваат „џапинг“ (Yapping), долгтрајно брборење или разговори за тривијални теми и „делулу“(delulu), што зозначува некој во екстремна заблуда или со нереални идеи или очекувања.
Се појавува и „Роудогинг“ (Rawdogging), следејќи го трендот на ТикТок каде што корисниците објавуваат видеа од себе на долги летови и не прават ништо друго освен зјапање во седиштето пред нив.
Алекс Бикрофт, директор на Колинсовиот речник, рече дека „со сигурност може да се каже дека, со оглед на тоа што многу од овогодинешните значајни зборови беа популаризирани од генерациите З и Алфа, ова е најбрат“ попис на зборови годинава“.
Лексикографите ја следат нивната база на податоци од 20 милијарди зборови за да создадат годишен список на нови и важни зборови кои го одразуваат јазикот што постојано се развива и интересите на оние што го користат.